ФУДБАЛ

Ракитиќ беше подготвен за изолација: „Ја напуштам куќата само во еден случај“

Италија е најтешко погодена од пандемијата на коронавирус во Европа, но зад нив е Шпанија.

Многумина веруваат дека предизвикувач за сето ова беше натпреварот во Лигата на шампионите помеѓу Аталанта и Валенсија, што се одигра на „Сан Сиро“ пред целосните трибини. Пандемијата предизвика вистински хаос, а скоро сите европски лиги се прекинати заради тоа.

Клубовите дури престанаа да тренираат и им наредија на своите играчи да ги почитуваат правилата за домашна изолација и да тренираат во своите домови што е можно повеќе.

Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ е во изолација повеќе од седум дена, кој откри дека се обидува на секој начин да избегне да ја напушти куќата, и дека тоа го прави само во еден случај.

„Надвор излегувам само да го фрлам ѓубрето и тоа е оддалеченост на околу 50 метри од мојот влез. Тоа е сè за што треба да бидам надвор од мојата куќа. По натпреварот против Наполи бев подготвен за ова и отидов на шопинг за да се подготвам за изолација. Сега сите треба да бидеме обединети и да ги следиме правилата за да го надминеме тоа што е можно поскоро“, рече Ракитиќ.