Младиот француски дефанзивец Жан-Клер Тодибо ја напушти Барселона и кариерата ќе ја продолжи во дресот на Шалке.
Тодибо е на позајмица во германскиот клуб до крајот на сезоната, а Шалке ќе има шанса да го откупи неговиот договор на крајот на сезоната. Но, Барса вклучи и клаузула дека во тој случај таа ќе може да го купи Тодибо и да го врати во своите редови кога и да посакаат.
Овој 20-годишен француски дефанзивец не играше во Барса од пристигнувањето од Тулуз минатиот јануари, и одлучи дека е најдобрата опција да замине на позајмица.
Тодибо најпрво се договори со Милан, но потоа во последен момент реши да не замине на „Сан Сиро“. Само неколку дена подоцна, беше потврдено дека тој ќе ја продолжи кариерата во дресот на Шалке.
Французинот за германските медиуми изјави дека можеби најголемиот виновник е Иван Ракитиќ, кој играше за Шалке во својата кариера.
„Го одбрав Шалке пред да му го дадам зборот на Милан, така што нема ништо спорно. Разговарав со Ракитиќ, кој долго време беше во Шалке и тоа направи разлика. Јас брзо решив дека ќе одам во Шалке и за само неколку часа се согласивме“, изјави Тодибо.