ФУДБАЛ

Ракитиќ: Многу го почитувам Модриќ, но и самиот знае дека Меси е најдобар

Хрватскиот репрезентативец Иван Ракитиќ постигна неверојатен гол во победата на Барселона против Тотенхем со 4:2.

Каталонскиот клуб во вториот натпревар од групната фаза на Лигата на шампионите полесно од очекувањата дојде до победа на Вембли, и уште еднаш Лионел Меси покажа што знае, постигна два гола, а Ракитиќ постигна еден и тоа навистина спектакуларен.

Сепак, по натпреварот сите зборуваа за уште еден брилијантен натпревар на Меси, кој на крајот беше прогласен за најдобар играч во второто коло. Дури и Ракитиќ по натпреварот имаше порака до сите, па дури и неговиот репрезентативен колега Лука Модриќ, кој неодамна беше прогласен за најдобар играч во светот.

“Навистина имам почит за играчи кои освојуваат награди, но мора да кажам дека постои еден човек кој е подобар од сите. Тоа е Лионел Меси. Многоу го почитувам Лука, но и самиот знае дека Меси е најдобар”, рече Ракитиќ.