Ракитиќ објави фотографија на која се наоѓа во прегратка со Модриќ, а во описот на фотографијата напиша:
„Не знаат каква среќа имаат, брате @lukamodric10!! Среќно, секогаш со тебе!!! Ти благодарам, брате, за посетата.“
Ракитиќ додаде и стихови од песната „Sara perché ti amo“, што во превод значи „Затоа што те сакам“. Овој хит е воедно и омилена песна на навивачите на Милан, кои ја пеат со малку изменети стихови. Во нивната верзија стиховите гласат:
„Каков хаос затоа што навиваме,
Тоа е емоција што полека расте,
Прегрни ме силно и биди ми уште поблиску,
Кој не скока е валкан јувентино.“
Поради тие причини, објавата на Ракитиќ предизвика смеа кај навивачите на Милан и бес кај навивачите на Јувентус, па по објавата која собра 250 илјади лајкови и повеќе од 1.000 коментари, тој објави и извинување.
„Сакам искрено да им се извинам на навивачите на Јувентус. Намерата ми беше само да ја искористам песната поврзана со Милан за да му честитам на мојот пријател Лука Модриќ и не бев свесен за историскиот контекст или стиховите поврзани со тоа. Апсолутно не сакав да навредам никого, најмалку клуб кој што го почитувам максимално“, заклучи Ракитиќ.
