Иван Ракитиќ најверојатно ќе го напушти тимот на Барселона во текот на летото.
После шест години, дојде време за разделба на Хрватот со каталонскиот гигант, а има голем интерес за 32-годишниот играч од средниот ред.
Сепак, судејќи според изворите на шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, Ракитиќ може да се види во англиската Премиер лига од следната сезона.
Овој весник наведува дека тимот на Тотенхем е главен кандидат за доведување на искусниот играч од средниот ред, а Ракитиќ би можел да работи со Жозе Мурињо од следната сезона.
Хрватскиот фудбалер има многу понуди на масата. Го бараат Јувентус, Интер, Севиља, Атлетико Мадрид, но засега „Спарсите“ се најблиску до неговиот потпис.
Многу веројатно би можело Ракитиќ да биде дел од замената, каталонскиот клуб планира од Тотенхем да го добие францускиот фудбалер Танги Ндомбеле.
Сепак, треба да се направи многу до летниот рок и одредени работи може да се променат во овој случај.
Ракитиќ одигра 299 натпревари во дресот на Барселона и постигна 35 гола и освои дури 13 трофеи со Каталонците.