Фудбалерот на хрватската репрезентација Иван Ракитиќ уште еднаш зборуваше јавно за неговиот статус во Барселона.
Сагата околу Ракитиќ трае речиси една година и како што стојат работите, челниците на Барселона веќе го отпишаа. Планот беше Ракитиќ да биде продаден пред почетокот на оваа сезона, но тој не брзаше да го напушти „Камп Ноу“.
Барселона сега се обидува да го вклучи хрватскиот играч од средниот ред во разни трансфери, а еден од нив е потенцијалното пристигнување на Миралем Пјаниќ, што би значело дека Ракитиќ оди во Јувентус.
Сепак, сето ова е сеуште само шпекулација, а Ракитиќ уште еднаш ја искористи можноста јавно да зборува за неговиот статус во Барса. Тој беше гостин во интервју во живо за „Cadena SER“.
“Можеби Бартомеу го следи ова интервју. Не е доцна да ме повика. Тој може да ме повика утре да разговарам. За мене се пишува многу, но јас сум навикнат на тоа бидејќи не е ништо ново. Би сакал претседателот или Абидал да излезе во јавноста и да негира сè. „Јас воопшто не сум лут и секогаш може да разговарате за сè со мене. Среќен сум што сум тука“, рече Ракитиќ.