Ракометната федерација (РФМ), го исполни ветувањето што го даде, доколку ракометарите обезбедат пласман на Европското првенство 2022, ќе добијата премија од 30.000 евра.
Исто така ракометарите беа наградени и со 20.000 евра за остварената победа против Светскиот и Олимпискиот шампион Данска, односно вкупно 50.000 евра.
Македонските репрезентативци ќе настапува во Унгарија (Дебрецен) во јануари 2022 година, тие се во „група А“ заедно со Данска, Словенија и Црна Гора.