Македонската ракометна репрезентација славеше на првиот од двата предвидени контролни натпревари против Кувајт кои ќе се одиграат во Србија. Денеска, избраниците на Данило Брестовац забележаа победа од 27-24 (14-9), притоа селекторот на нашиот национален тим им даде минутажа на речиси сите ракометари.