ФУДБАЛ

Ралф Рангник нема да го води Манчестер Јунајтед против Арсенал, стигна објаснување од Англија

Манчестер Јунајтед и Арсенал во четврток играат големо дерби во рамките на 14. коло од англиската Премиер лига.

На овој меч се очекуваше да дебитира на клупата на „црвените ѓаволи“ Ралф Рангник, кој вчера и официјално беше избран за нов тренер.

Рангник дојде во Јунајтед наместо Оле Гунар Солскјер, кој пред десет дена доби отказ по серијата лоши резултати.

Иако неколку тренерски имиња се поврзуваа со Јунајтед, тие на крајот решија да го ангажираат Рангник, кој потпиша договор до крајот на оваа сезона.

Се очекуваше германскиот стручњак да дебитира на клупата на Јунајтед во четврток на дербито против Арсенал, но клубот од Олд Трафорд потврди дека тоа нема да се случи и објасни зошто.

Имено, Рангник се уште не може да дебитира за Јунајтед бидејќи не му е завршена визата, но мора да се придржува и до КОВИД протоколот кој е на сила во Англија.

За потсетување, натпреварот помеѓу Манчестер Јунајтед и Арсенал се игра во четврток од 21 часот и 15 минути.

 

ПОВРЗАНО

Премиер Лига