Реал Мадрид утре вечер игра многу важен натпревар против Галатасарај во Лигата на шампиони. „Кралевите“ не ја започнаа групната фаза добро, бидејќи по два натпревари имаат само еден бод и утрешниот предизвик ќе биде доста одлучувачки за нивната судбина во ЛШ.
За медиумите во Турција разговараше капитенот Серхио Рамос, кој јасно стави до знаење дека единствениот начин за Реал е да се победи. Шпанецот зборуваше и за тренерот Зидан, кој рече дека има поддршка од целиот тим.
„Единствено што имаме во предвид за утрешниот натпревар е победата. Имаме само два начина, да победиме или да победиме! Целиот свет нека знае дека нашиот тим е до смрт со Зидан без разлика што и да се случи, пораката што треба да ја испратиме е дека сме обединети. Мадрид секогаш воскреснува и единствениот начин да се стори тоа е да останеме заедно. Резултатите ќе дојдат“