ФУДБАЛ

Рамос го повика Левандовски во Реал и доби негативен одговор, Полјакот објасни зошто

Роберт Левандовски со години е меѓу најдобрите напаѓачи во светот. Тој постигна четири гола против Реал Мадрид во натпреварот во Лигата на шампионите додека играше за Борусија Дортмунд, а сега го носи дресот на Баерн.

Со оглед на квалитетот и репутацијата, Левандовски е долгогодишна желба на Реал Мадрид. Во интервју за шпанскиот весник „Спорт“ тој објасни зошто го одбил кралскиот клуб.

Тој призна дека по еден дуел, Серхио Рамос и Кристијано Роналдо му рекоа дека треба да дојде во Реал.

„Да, така е“, рече Левандовски, објаснувајќи ја својата одлука.

„Може да одите во Ла Лига и кој било друг шампионат, друг голем клуб, но за мене тоа не е најважно. Јас го достигнав моето највисоко ниво таму каде што сум и сакам да го продолжам тоа”.

„Јас сум во еден од најдобрите клубови. Знам дека можам да бидам среќен тука. Тимот што го имаме е многу добар, клупската структура е одлична. Полесно е кога играте во ваков клуб”, заклучи тој.

Полскиот напаѓач постигна 25 голови оваа сезона на 23 дуели во Бундес-лигата. Тој досега за затресе 11 пати мрежата во Лигата на шампионите.

ПОВРЗАНО

Ла Лига