ФУДБАЛ

Рамос: На Шпанија му треба фудбалот како економска помош, но и луѓето да се вратат во секојдневниот живот

Во Шпанија во претходните денови се пријавени неколку случаи на коронавирус меѓу фудбалерите на клубовите во Ла Лига, но тоа не ги менува плановите за продолжување на сезоната.

Сите клубови беа тестирани минатата недела, а пријавени се и неколку случаи на инфекција. Играчите кои тестираа позитивно се во изолација, но тоа не ги менува плановите на водачите на Ла Лига.

Тимовите продолжија да тренираат по двомесечна пауза, а се повеќе е веројатно дека Ла Лига ќе продолжи кон средината на следниот месец.

На крајот на краиштата, зборуваше и капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, велејќи дека државата едноставно треба да го продолжи фудбалот со цел да го привлече вниманието на луѓето, и да ги оттргне од сите настани што се предизвикани од пандемијата на коронавирус.

“На државата му треба фудбалот како економска помош и на луѓето им треба нешто што ќе им го одвлече вниманието од коронавирусот. Не можам да дочекам да започнам со игра. За Ла Лига да биде нормална повторно мора да бидеме дисциплинирани да го елиминираме овој вирус и сигурен сум дека можеме.” рече Рамос.

ПОВРЗАНО

Ла Лига