Серхио Рамос летово потпиша за ПСЖ, но допрва треба да дебитира за својот нов клуб.
Шпанскиот дефанзивец одлучи да го напушти Реал Мадрид по 16 години откако не успеа да се договори со челниците на кралскиот клуб за нов договор.
Рамос имаше неколку интересни понуди, но на крајот одлучи да ја продолжи кариерата во ПСЖ, со кого потпиша двегодишен договор.
Сепак, дебито на Рамос се уште се чека бидејќи не е доволно подготвен. Се очекуваше да игра минатиот викенд, но повторно не беше во конкуренција за натпреварот на ПСЖ.
Парижаните веќе играат натпревар од Лигата на шампионите против Клуб Бриж во среда, но како што стојат работите, ниту Рамос нема да биде подготвен за овој натпревар.
За доаѓањето на Рамос во ПСЖ зборуваше и поранешниот фудбалер на овој клуб, Ротен, кој ги критикуваше челниците на клубот што го доведоа овој играч бидејќи смета дека тоа е грешка.
“Откако дојде во ПСЖ, се опоравува од повреда или не е физички подготвен за игра. Кога сте толку повредени на крајот од кариерата, тоа е многу лошо за играч, бидејќи не сакате да завршите така”. Ротен започна и продолжи.
„Кога пристигна во ПСЖ, многумина рекоа дека ќе донесе позитивна атмосфера во соблекувалната и дека ќе му помогне на тимот со своето искуство, но тоа сепак не е така.