Искусниот дефанзивец на Реал Мадрид, Серхио Рамос нема намера да ја заврши кариерата.
Договорот на 35-годишниот Шпанец со Реал истекува по завршувањето на сезоната, но тој истакна дека сака да биде дел од историјата на „најдобриот клуб во светот“.
“Мислам дека ќе ја освојам Лигата на шампионите, Светското првенство, Олимпијадата по петти пат… Јас ќе ја завршам кариерата кога ќе дојде време. Сакам да бидам дел од историјата на најдобриот клуб во светот. Јас ќе се предадам само кога ќе видам дека моето тело повеќе не може да издржи, а сега се чувствувам добро“, рече Рамос.
Во тековната сезона, искусниот Рамос одигра 15 првенствени натпревари и постигна два гола, а сега се надева дека ќе се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите.
Утре Реал ќе се сретне со Ливерпул на првиот натпревар.