Серхио Рамос по 16 години се прости од Реал Мадрид.
Рамос пристигна во Кралскиот клуб летото 2005 година од Севилја и се покажа како големо засилување. Претходните 16 години тој беше стандарден член на Реал Мадрид и се очекуваше да ја заврши кариерата во овој клуб.
Сепак, пред неколку дена Рамос одржа прес-конференција на која се прости од Реал Мадрид и потврди дека ќе го напушти „Сантијаго Бернабеу“ по 16 години.
35-годишниот фудбалер сигурно ќе најде нов ангажман без никакви проблеми, бидејќи веќе доби неколку понуди за продолжување на кариерата, а се поврзува со голем број клубови.
Еден од нив е ПСЖ.
Француските медиуми тврдат дека Рамос го открил новиот клуб на некои свои соиграчи кога заминал.
Тие тврдат дека преговорите започнале и дека лесно може да се случи Рамос да го гледаме во Лига 1 од следната сезона.
Серхио Рамос минатата сезона одигра 21 натпревар во сите натпреварувања. На нив постигна четири гола и забележа една асистенција.
Да потсетиме, Рамос не беше поканет од селекторот на Шпанија, Луис Енрике, за Европското првенство, па ќе добие можност за дополнителен одмор, но и доволно време да најде нова средина.