Реал Мадрид ќе го врати капитенот Серхио Рамос за решавачкиот и последен натпревар во групата во Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбад.
Зинедин Зидан реши да не ризикува со ветеранот за натпреварот против Севилја во Ла Лига викендов, на кој победи Мадрид.
Рамос заврши целосен тренинг со тимот и ќе биде дел од него за последниот натпревар, со што планира да се пласира во осминафиналето.
Реал Мадрид е на третото место во групата Б со седум бода, исто колку што има и Шахтјор Доњецк на второто место.
Рамос треба да го замени Начо Фернандез и да се врати со Рафаел Варан на позицијата централен бек, а Лукас Васкез сеуште е на местото на Дани Карвахал.
Еден Азар и Маријано Дијаз остануваат надвор поради повреда.
Екипата на Зидан дефинитивно ја посакува победата, бидејќи во случај да не успеат да се пласираат, тој ја ризикува својата тренерска позиција.
Можна формација во Мадрид за среда навечер:
Куртоа; Васкез, Рамос, Варан, Менди; Крос, Касемиро, Одегард; Асенсио, Бензема, Винисиус.