По вчерашната победа на Шпанија над Фарски Острови 4:1, во квалификациите за ЕП 2020, Серхио Рамос, долгогодишниот првотимец на Реал Мадрид, стана фудбалер со најмногу победи за репрезентацијата.
На натпреварот Рамос го постигна својот 19. гол за Шпанија, со кој го отвори резултатот во 6. минута.
Рамос по неговото деби во 2005 година, вчера го одигра својoт 164. натпревар за репрезентацијата на Шпанија.