ФУДБАЛ

Рамос заминува, Реал Мадрид најде идеална замена

Според престижниот „АС“, Реал на „Сантијаго Бернабеу“ сака да го доведе дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк.

Според она што го пишува „АС“ управата на Реал смета дека Холанѓанецот кој има 27 години е идеална замена за Серхио Рамос, а исто така пишува дека најдобриот дефанивец на Реал може да си замине поради несогласувањата со претседателот Флорентино Перез.

Ван Дајк во Ливерпул е од јануари 2018 година, и тогаш потпиша 5-годишен договор. А неговиот трансфер моментално го држи рекордот за трансфер на дефанзивец и изнесува 75 милиони фунти.

Ван Дајк оваа сезона блесна во дресот на Ливерпул и одигра 56 натпревари, постигна девет гола и оствари четири асистенции.