Рамос: Жал ми е за навивачите што не им возвративме со позитивен резултат

Written by

in

Капитенот на шпанската фудбалска репрезентација Серхио Рамос им се заблагодари на навивачите во Севилја за поддршката што ја даваа на „Црвената фурија“ и покрај лошиот резултат на синоќешниот дуел со Англија.

– Ни дадоа пружија прекрасна поддршка. Мераклиски е да се игра во Севилја. Благодарност до цел град. Жалам што не успеавме со победа да им возвратиме. Сепак и тие знаат дека Англија е ривал од светска класа. Рано направија голема разлика, ние се обидовме, но не успеавме целосно да ја анулираме негативата, истакна рамос.

Шпанија загуби со 3:2 избегнувајќи висок пораз, бидејќи Англичаните по 38 минути играа имаа водство 3:0.

И покрај поразот Шпанија е лидер во четвртата група А-сегмент од Лигата на нации со шест бода, два повеќе од Англија и пет од Хрватска.