ФУДБАЛ

Рангник го коментира однесувањето на Роналдо: „Нема смисла“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, зборуваше на денешната прес-конференција во пресрет на утрешниот дерби натпревар од Премиер лигата против Тотенхем.

Дуелот на „Театарот на соништата“ е многу важен за Јунајтед, а во центарот на вниманието секако повторно е Кристијано Роналдо кој го пропушти градското дерби со Сити во кое клубот претрпе пораз од 4:1.

Англиските медиуми тогаш објавија дека Кристијано не сакал да игра откако Рангник му рекол дека нема да игра од првата минута, а менаџерот на „црвените ѓаволи“ денеска проговори за ѕвездата на тимот.

“Не го прашав дали е среќен во клубот. Знам дека е подготвен, повторно тренира. Треба да биде подготвен за утре. Ќе видиме со каква формација ќе започнеме утре”, изјави Рангник.

Минатата недела Роналдо со семејството наместо во тимот за градското дерби замина во Португалија. Многумина ова го протолкуваа како јасен сигнал дека повеќе не се грижи за клубот.

„Нема смисла да се навраќаме на она што се случи пред шест или седум дена. Важно е што ќе се случи утре. Тој и Кавани се на располагање утре“.

„Црвените ѓаволи“ нема да ги имаат на располагање Лук Шо и Скот Мектоминај за соочување со Спарс и тоа секако ќе биде проблем за Јунајтед.

Кристијано Роналдо оваа сезона постигна 15 гола и забележа три асистенции на 31 настап, но во последно време неговите настапи се скромни и многу се зборува за негово заминување од клубот.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига