ФУДБАЛ

Рангник ја налути разгалената ѕвезда: „Нека дојде лично да ми каже“

На менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник не му се допаѓа тоа што некои играчи не му кажуваат лично или на клубот дали сакаат да заминат.

Рангник бил изнервиран што медиумите пишуваат за желбата на Антони Марсијал да го напушти клубот во јануари, а Германецот смета дека секој што сака да оди мора прво да разговара со него или со водечките луѓе на „Олд Трафорд“.

„Не комуницирам со агентите и фудбалерите преку медиумите, не ми е грижа што агентите ќе им кажат на новинарите“, рече Рангник, додавајќи:

“Не размислувам да одам кај Марсијал и да го прашам за ова. Самиот играч мора да дојде и да разговара со мене или со некој од претставниците на Јунајтед за неговиот можен трансфер. Затоа нека дојде и нека ми каже се во лице. Јас не може да комуницира со играчот преку весник или агент“.

Оваа сезона Французинот настапи на десет натпревари на Манчестер Јунајтед во сите натпреварувања и постигна еден гол.

Марсијал не е во плановите на Рангник и најмногу го користи како резервна опција, поради што овој напаѓач реши да замине, прашање е само каде и кога ќе се реализира трансферот.