ФУДБАЛ

Рангник јавно го критикуваше Роналдо: Ова нема да му се допадне на Португалецот, но Германецот е во право

Кристијано Роналдо е и главна ѕвезда и најголема надеж на Манчестер Јунајтед на 37 години.

Но, како и целиот тим и тој не игра на највисоко ниво, а за тоа говори и фактот што го израмни личниот рекорд по број на натпревари без гол во низа – 5, а тој рекорд датира од 2010 година.

Привремениот тренер на „црвените ѓаволи“, Ралф Рангник реши јавно да го критикува Португалецот и рече дека му треба подобар настап од него.

„Ми треба максимален учинок од Роналдо. Очигледно тој треба да постигнува повеќе голови. Создаваме многу шанси, но не постигнуваме доволно голови, но не се работи само за Кристијано“, изјави Рангник.

Треба да се спомене и дека медиумите на Островот шпекулираат дека Роналдо на лето ќе си замине од „Олд Трафорд“, а во наредните денови ќе седне со својот агент на преговарачка маса за да одлучи за продолжението на кариерата.

За него во изминатиот период најголем интерес покажа ПСЖ, кој на лето ќе се соочи со заминување на Килијан Мбапе, кому му истекува договорот.

Следниот натпревар Манчестер Јунајтед го игра утре од 13:30 часот против Саутемптон и тоа ќе биде одлична можност Роналдо да се врати на голгетерските перформанси.