Ралф Рангник неодамна беше избран за нов тренер на Манчестер Јунајтед, но на „Олд Трафорд“ не му оди баш најдобро.
Германскиот стручњак не успеа да ја сврти ситуацијата во тимот откако дојде на местото на Оле Гунар Солскјер, а навивачите веќе покажаа незадоволство од резултатите на нивниот тим.
Манчестер Јунајтед пред неколку дена на домашен терен успеа да ја победи Астон Вила со 1-0 во натпреварот од ФА Купот, но навивачите не беа премногу задоволни од играта на нивниот тим.
Рангник повторно беше на удар на критичарите, а протекоа информации дека ситуацијата и во соблекувалната не е сјајна.
Наводно, многу драма се случила пред натпреварот против Астон Вила, а во центарот на вниманието бил голманот Дин Хендерсон кој очекувал да игра уште од првата минута од овој натпревар, но тоа на крајот не се случило.
Давид де Геа е стандарден во натпреварите од Премиер лигата и Лигата на шампионите, а Рангник наводно му ветил на Хендерсон минути во куп натпреварувањата. Но, тој не го одржал ветувањето и со Хендерсон се замерил.
🚨 NEW:
Ralf Rangnick originally promised Dean Henderson that he would start against Aston Villa in the FA Cup. Rangnick then selected De Gea instead, and on hearing this news Henderson 'stormed' out of the training ground on Sunday. @WebbyONeill #MUFC 🧤🏴
— UtdPlug (@UtdPlug) January 13, 2022
Англиските медиуми објавија дека Хендерсон побегнал од тренинг центарот на последниот тренинг пред натпреварот против Астон Вила кога дознал дека нема да брани, а набрзо потоа побарал трансфер.
Сепак, Јунајтед одби и соопшти дека Хендерсон ќе остане до крајот на сезоната. На крајот Хендерсон не беше ниту на клупата против Астон Вила, а Рангник е под зголемен притисок откако почнаа да излегуваат валкани работи од соблекувалната на „црвените ѓаволи“.