ФУДБАЛ

Рангник: Не ги постигнав моите цели, за тоа мора да тренираме

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник, истакнува дека не го постигнал тоа што го сакал со тимот поради паузата која била направена поради ширењето на корона вирусот.

Германскиот стручњак ги презеде „црвените ѓаволи“ на крајот на ноември, а по четирите одиграни натпревари не знае за пораз.

Сепак, тој тврди дека поради затворањето на тренинг центарот поради ширење на коронавирусот во тимот, не го постигнал напредокот на кој се надевал.

„Секако дека не“, рече Рангник на прашањето дали ги постигнал своите цели.

„Секој тренер, секој амбициозен тренер сака да напредува побрзо, да направи поголеми чекори напред. Но, за да го направиме тоа, мора да тренираме“.

Рангник беше разочаран од тоа што неговите играчи го прикажаа на натпреварот против Њукасл во понеделникот (1:1).

“На тренинзите тимот изгледаше добро. Ги имавме речиси сите играчи. Затоа тој дуел беше непријатно изненадување”.

Јунајтед ќе има шанса да се поправи во четврток, кога ќе го пречека Барнли.