Раководството на англискиот прволигаш Ватфорд му врачи отказ на италијанскиот тренер Клаудио Раниери по само 112 денови минати на клупата.
Раниери (70) доби отказ по првенствениот пораз од Норич (0-3) по што Ватфорд падна на 10. место на табелата со 14 бодови, само два повеќе од последнопласираниот Барнли.
Ватфорд сега е во потрага по трет тренер оваа сезона, која ја почна со Шпанецот Циско Муњоз, кој доби отказ на почетокот на октомври.
Неговиот наследник Раниери го предводеше Ватфорд на 14 натпревари и забележа само две победи, едно реми и дури 11 порази.