ФУДБАЛ

Раниери: Гвардиола ќе дојде во Серија А

Поранешниот тренер на Сампдорија, Клаудио Раниери изјави дека Пеп Гвардиола порано или подоцна ќе дојде во Италија.

Гвардиола ги водеше Барселона, Баерн и сега го предводи Манчестер Сити. Каталонецот никогаш не работел во Италија, но Раниери верува дека тоа ќе се промени.

Серија А е привлечна и примамлива. Мурињо и Алегри се вратија, а можеби и Сари. Врвните тренери работат во Италија. Срамота е што Конте го напушти Интер, но убеден сум дека Гвардиола порано или подоцна ќе води италијански тим”, рече Раниери.

Она што го загрижува Раниери се лошите изданија на италијански тимови на европската сцена во последните неколку години, а откриен е и еден проблем.

“Треба да сториме една работа што е можно побрзо: Мора да го зголемиме темпото на игра. Ако не го сториме тоа, тешко дека можеме да бидеме конкурентни со другите тимови од другите силни лиги”, рече поранешниот тренер на Лестер.

 

ПОВРЗАНО

Серија А