ФУДБАЛ

Раниери: Нашата соработка беше одлична, а веста ме потресе

Италијанскиот тренер Клаудио Раниери му оддаде почит на трагично настраданиот претседател на Лестер Вичај Шривадханапраба, со кого некогаш имал голема соработка на „Кинг Пауер“.

Раниери беше отпуштен неколку месеци по освојувањето на титулата, што многумина го опишаа како голема неправда за него, но италијанецот ништо не му замери на неговиот поранешен шеф.

“Нашата соработка беше одлична, а веста ужасно ме потресе, ова е трагедија. Тој беше добар човек и можам да кажам само најубави работи за него и знам дека тој живеел за овој клуб и никогаш не слушнавме ништо лошо за него, беше пример за секого”, рече Раниери и продолжи:

“Се сеќавам на нашиот прв состанок. Штом го видов и разговарав со него, добив впечаток дека се работи за брилијантен човек и не погрешив, бидејќи навистина беше таков, секогаш насмеан и весел. Клубот сега останува во рацете на неговиот син, кој е исто така еден фудбалски ентузијаст, се надевам дека ќе се справи со клубот исто како неговиот починат татко.”

Клаудио Раниери со Лестер сензационално ја освои Премиер Лигата во сезоната 2015/2016.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига