ФУДБАЛ

Рашфорд: Како што годините минуваат, само ќе се подобрам

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд ги предупреди противниците дека не е ни близу до врвот на својата играчка кариера во однос на квалитетот, и покрај тоа што доби многу пофалби во последно време.

22-годишниот играч постигна по еден гол во двата последни натпревари во квалификациите на Англија за „ЕУРО 2020“. Тоа му овозможи да постигне девет гола на неговите последни десет натпревари за клубот и репрезентацијата.

Рашфорд откри дека ужива во овој добар период, но инсистира дека само ќе се подобри со текот на времето.

„Овие искуства ги користам сега само за мое добро, да бидам уште подобар во иднина. Бидејќи знам кога ќе наполнам 25 или 26 години, тоа се години кога ќе го достигнам својот врв во кариерата “, изјави Рашфорд за „ЕСПН“.

„Само чекам да пристигне тој период и дотогаш ќе се обидам да се подобрам колку што можам“.

Откако постигна два гола на првиот ден од сезоната 2019/20 во Премиерлигата сезонава против Челси, Рашфорд успеа да постигне само еден гол на следните седум натпревари во Премиерлигата – гол од пенал за 1-0 против Лестер Сити во септември.

Но, напаѓачот на Манчестер Јунајтед сега се подобри пред голот и постигна три гола на последните четири натпревари во лигата, додека постигна два гола во Купот Карабао и уште еден во Лигата на Европа.