ФУДБАЛ

Рашфорд нова жртва на расизам: Да, јас сум црнец и горд сум на тоа

Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд беше навреден на расна основа на социјалните мрежи по ремито со Арсенал (0-0).

Јунајтед синоќа играше без голови на „Емирати“, Рашфорд го одигра тој натпревар, а после тоа, беше расистички навреден од непознати лица на социјалните мрежи.

 
“Да, јас сум црн и секој ден живеам гордо што сум. Никој од коментарите нема да ме натера да се чувствувам поинаку. Жyал ми е ако побарате силна реакција, едноставно нема да ја добиете тука”, Напиша Рашфорд на Твитер.

Англискиот интернационалец е само уште еден во низата познати играчи кои се соочуваат со расизам, кој веќе долго време владее во Англија и очигледно не може да се искорени.