За в недела е закажано финалето на Карабао Лига Купот на Англија во кое се среќаваат два тима на Јунајтед: Манчестер и Њукасл.
Двата тима го посакуваат првиот трофеј сезонава, и двете имаат мотиви и свои адути.
Страчките од Њукасл се еден од тимовите кои најмногу напредуваа во последната година во Англија, но ако треба да изберете кој е фаворит на Вембли, тогаш нема сомнеж – Манчестер Јунајтед.
Маркус Рашфорд е најдобриот стрелец, според многумина, најдобриот играч на „црвените ѓаволи“ во моментов.
„Ние сме блиску до крајот на патот и сакаме да донесеме нешто конкретно од него, што е трофеј. Кога ќе стигнете до финалето на кое било натпреварување и не освоите трофеј, трудот може да се смета за залуден. Никој не се сеќава на поразените. Ќе дадеме се за да го освоиме Лига купот“, изјави Маркус Рашфорд .
Овој 25-годишен напаѓач ја има најдобрата сезона во кариерата. За Јунајтед досега одигра 37 натпревари и постигна 24 гола, со девет асистенции.
Финалето на Лига купот помеѓу Манчестер Јунајтед и Њукасл се игра во недела од 17.30 часот.
Tomorrow.@ManUtd 🆚 @NUFC #EFL | #CarabaoCup pic.twitter.com/dPfLMmlL8I
— Carabao Cup (@Carabao_Cup) February 25, 2023
