ФУДБАЛ

Рашфорд за „разумна плата“ потпиша нов договор

За разлика од неговиот соиграчи Пол Погба, Маркус Рашфорд без никакви тешкотии на преговори со Манчестер Јунајтед потпиша договор за продолжување на соработката.

На напаѓачот сегашниот договор му истекува во јуни следната година, но тој сака да потпише нов и така да си го обезбеди престој во клубот.

Рашфорд е емотивно приврзан со Јунајтед во која тој дојде како шест-годишно момче и верува дека треба да остане во клубот во наредните сезони да им помогне на Солскјер во новиот проект, што значи враќање на клубот на старите патеки на успехот.

“Тајмс” пишува дека и покрај бројните шпекулации кои се појавија во последните неколку дена Рашфорд сака да остане на „Олд Трафорд“ и за разлика од Пол Погба, која бара огромна плата од околу 560.000 евра неделно за да не се приклучи на Реал Мадрид, Маркус бара „разумна плата“, иако не специфицира точно која е таа бројка.

Се претпоставува дека работата ќе биде завршена во следните неколку дена.