ФУДБАЛ

Расистички скандал на повидок во Јунајтед? Онана се огласи: „Луѓето не можат да одлучат…“

Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онан изјави дека не треба да се презема ништо против неговиот соиграч Алехандро Гарначо, откако во објава на социјалните мрежи под споделената фотографија објави емоџи од горила.

Гарначо додаде емоџи на фотографијата на која тој и Онана слават откако голманот на Камерун одбрани пенал против Копенхаген во седмата минута од судиското надополнување на натпреварот од третото коло во Лигата на шампионите.

„Луѓето не можат да одлучат со што да ме навредат. Точно знам што значеше тоа на Гарначо: моќ и сила. Оваа работа не треба да оди понатаму“, рече Онана на Инстаграм, пренесе Би-Би-Си.

Фудбалскиот сојуз на Англија е запознаен со објавата на 19-годишниот Аргентинец од кого побара објаснување.