ФУДБАЛ

Распад на системот: И претседателот на Јувентус поднесе оставка?!

Гигантите еден по еден се откажуваат од Суперлигата, затоа е свикан итен состанок, но се поизвесно е дека целиот проект пропаднал.

Клубовите започнаа под голем притисок да попуштат, прво во Челзи, потоа во Манчестер Сити, а сега се подготвени да се откажат од Атлетико, Јувентус, Барселона, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Арсенал.

Поради сите настани, водечкиот човек на Манчестер Јунајтед, Ед Вудвард, поднесе оставка, а наводно семејството Глејзерс по целиот овој хаос решиле да го продадат Манчестер Јунајтед, но ова е засега непотврдена вест која кружи на Интернет.

Исто така, нема потврда, но бројни медиуми објавија дека оставка поднесе и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели, кој заедно со Флорентино Перез беше еден од иницијаторите на целиот проект.

Со оглед на сите овие случувања, навистина е тешко да се очекува Суперлигата да започне од новата сезона. Постојат сите шанси таа да биде уништена вечерва благодарение на големиот притисок од обожавателите ширум светот.

https://twitter.com/AnfieldWatch/status/1384583921426391043