Приказната околу натпревари на шпанската Ла Лига во Америка се уште не е завршена, но последниот збор ќе го дадат играчите.
Управата на шпанската фудбалска лига планираат неколку натпревари од лигата да се одиграат во САД, освем големото дерби меѓу Реал Мадрид и Барселона, а покрај тоа беше потврдо дека во јануари Жирона и Барселона ќе се сретнат во Мајами.
Лигата планира да потпише договор вреден 200 милиони евра со Релевантната груп, за промовирање на фудбалот во Северна Америка.
Сепак, договорот потпишан на 15 години со наведената компанија може да пропадне.
Од здружението на играчи се јавиа и тврдења дека играчите на шпанските тимови ќе можат да го дадат својот збор, а ако е така, тогаш раководството на Ла Лига може да има сериозни проблеми и да заборави на големите милиони.
Наскоро се очекува нов состанок со капитените на екипите на Ла Лига и ќе се одлучи дали тимовите сакаат да одат во САД.