Арсенал го освои ФА Купот пред неколку дена и кога сите мислеа дека е време да се собере тим за следната сезона, се појавија проблеми.
Имено, фудбалерите на овој тим се лути на раководството на клубот заради одредени работи што се направени во последниот период.
Она што најмногу им пречи е што тие го прекршиле договорот постигнат во април меѓу играчите на Арсенал и раководството на овој тим.
Потсетиме, во април фудбалерите на Арсенал се согласија на намалување на платата од 12,5%, но со гаранција дека никој од вработените во клубот нема да биде отпуштен од работа.
Само четири месеци подоцна, раководството на Арсенал го проби ветувањето и подготви отказ на дури 55 вработени.
Сето ова ги налути фудбалерите на овој тим кои закажаа средба со челниците на клубот за да го искажат своето незадоволство.