Наполи добро притиска оваа сезона во Серија А.
Џенаро Гатузо прави одлична работа на клупата, но се чини дека резултатите нема да бидат тие што ќе одлучат за судбината на Гатузо на југот на Италија.
„Фотобал-Италија“ известува дека неодамна имало мали недоразбирања и расправии меѓу претседателот Де Лаурентис и Гатузо.
Наводно, италијанскиот стручњак бараше посилен трансфер на лето во случај тимот да избори пласман во Лигата на шампионите, и тој е на добар пат да го постигне тоа.
Де Лаурентис не сака да брза. Тој е свесен дека Гатузо ја има поддршката од соблекувалната, па сигурно ќе има интересни разговори на крајот од сезоната.
Гатузо беше поддржан и од спортскиот директор Кристијано Џунтоли, кој изјави дека Гатузо нема недостатоци, дека го води тимот на одличен начин и дека е важно тимот да добие еден циклус на игра и резултатите да бидат подобри.
Сепак, претседателот Де Лаурентис ќе го каже последниот збор на лето и ќе видиме каква судбина го чека Гатузо на клупата на Наполи.
По 33 одиграни кола во Серија А, Наполи е трет со 66 бодови колку што имаат Јувентус и Милан. Лацио има 61, а второпласираната Аталанта 68 бодови. Остануваат уште пет кола до крајот на сезоната.