Манчестер Јунајтед вчера не успеа да го победи Кристал Палас.
„Црвените ѓаволи“ влегоа во натпреварот како големи фаворити, но на крајот домашниот тим освои еден бод и значително го оддалечи Јунајтед од трката за титулата.
Имаше многу жестоки зборови на теренот помеѓу играчите на Манчестер Јунајтед, а имаше и кавга помеѓу Маркус Рашфорд и Хари Мегваер.
Мегваер му се спротивстави на Рашфорд откако се најде во офсајд позиција во една акција:
„Тргни се од офсајд, е***“.
Рашфорд не му должеше:
„Замолчи е*** морон!“.
Јунајтед е на второто место по 27 одиграни кола со 51 бод и дури 14 бода помалку од градскиот ривал Сити.