Веќе не е тајна дека Барселона сака во своите редови да го доведе Ерлинг Халанд.
Се чини дека Норвежанецот би пристигнал на Ноу Камп, а ситуацијата е уште посложена бидејќи Барселона е во големи финансиски проблеми.
Феран Торес оваа зима пристигна од Манчестер Сити, но не можеше да биде пријавен додека не им се намали платата на Кутињо и Умтити и додека Бразилецот не замина на позајмица во Астон Вила.
Шпанските медиуми пишуваат дека Барселона сега сака да направи уште еден чекор кон доведување на Халанд, а тоа е продажбата на Дест. Имено, американскиот репрезентативец би отишол да собере дополнителни пари за ѕвездата на Бундеслигата.
Според истите медиуми, за 21-годишниот дефанзивец се заинтересирани победниците во последните две ЛШ – Баерн и Челзи.
Дест, кој има договор со Барса до летото 2025 година, оваа сезона настапи на 16 натпревари во сите натпреварувања и забележа три асистенции.
За потсетување, тој е дете на Ајакс и пристигна во Барселона во октомври 2020 година во трансфер вреден 21 милион евра, но Барселона сега би барала значително повеќе за неговите услуги.
Жоан Лапорта вчера ја одби понудата за Френки де Јонг од 33 милиони фунти испратена од Челзи. Некои играчи, сепак, не се на продажба, особено не за толку мала сума на пари.
Што ќе се случи од се и дали Халанд ќе игра во сино-црвениот дрес останува да видиме.