Доколку може да му се верува на „Кориере дело Спорт“, тренерот на Рома, Пауло Фонсека се откажал од услугите на шест фудбалери. Тој одлуката ја соопштил на раководството и побарал тие да бидат ставени на трансфер листа. Станува збор за Карлес Перез, Федерико Фацио, Давиде Сантон, Бруно Перес, Хуан Жезус и Амадау Диавара.
Што се однесува до засилувањата, се чини дека најблиску до кам-бек е Стефан Ел Шарави, кој во моментов игра во Кина.