ФУДБАЛ

Раул го напушта Реал Мадрид, подготвен е за Ла Лига?

Тренерот на Реал Мадрид Кастиља, Раул Гонзалес би можел да го напушти клубот, бидејќи има понуда од Ла Лига.

Според информациите на шпанските медиуми, Хетафе е подготвен да го доведе доколку Хозе Бордалас го напушти клубот, што не е исклучено и покрај тоа што му е обезбеден опстанокот.

Сепак, Хетафе не е единствениот заинтересиран клуб, бидејќи со него контактирал и Ваљекано, доколку Андони Ираола добие понуда од поголем клуб.

Местото на Раул ќе биде загрозено доколку Реал Мадрид Кастиља не обезбеди пласман во втората лига, што е се помалку сигурно. Барселона Атлетик го совлада Реал Кастиља во првиот натпревар од плеј-офот со резултат 4:2, па мадриѓаните бркаат негатива од два гола во директна борба за враќање во втората лига.

Раул претходно се споменуваше како опција како замена за Карло Анчелоти, но никогаш не беше сериозна приказна. Сепак, Хетафе може да биде сосема доволен за да се искачи на најголемата сцена на шпанскиот фудбал…

ПОВРЗАНО

Ла Лига