Селекторот на машката сениорска ракометна репрезентација Раул Гонзалез го објави поширокот список на ракометари за престојното СП во Германија и во Данска.
На овој поширок список се и имињата на шестмина млади ракометари на Металург: Мартин Томовски, Мартин Серафимов, Марио Танкоски, Димитар Димитриоски, Томислав Јагуриновски и Милан Лазаревски.

Сениорската репрезентација се наоѓа во Групата “Б“, заедно со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и со Бахреин, а натпреварите од првата групна фаза ќе ги игра во Минхен.
Распоред:
11 јануари 2019 г.: Македонија – Јапонија
13 јануари 2019 г.: Македонија -Бахреин
14 јануари 2019 г.: Македонија -Хрватска
16 јануари 2019 г.: Македонија -Шпанија
18 јануари 2019 г.: Македонија -Исланд