
„Момците играа со срце, синоќа уживавме по натпреварот, но верувајте беше многу тешко. Црна Гора едно полувреме беше подобра. Но, во вториот дел реагиравме и среќен сум за победата. Сега треба да заборавиме на овој дуел и да се насочиме кон Германија. Попладнево ќе се спремаме со тренинг и со видео сесија. Верувајте ќе биде многу тешко, попладнево ќе одлучам со кои ракометари располагам. Не мислиме на следната фаза туку само на Германија“ , изјави Раул Гонзалез.