Реал Мадрид е подготвен да се откаже од услугите на неколку играчи во текот на летото.
Еден од оние кои би можеле да го напуштат клубот е Иско, кој долго време се поврзуваше со голем број клубови.
Реал е подготвен да го ослободи овој фудбалер комплетно бесплатно, а последниот тим кој се поврза со 28-годишниот офанзивен играч е Севиља.
Шпанските медиуми многу пишуваа за тоа. Сепак, спортскиот директор Мончи откри дека нема вистина во тие списи.
“Претседателот на клубот слушна дека се поврзуваме со Иско и ме праша дали е тоа вистина. Реков не и нашиот разговор на оваа тема траеше 20 секунди”, рече Мончи и додаде:
“Оваа шпекулација имаше смисла затоа што Иско сакаше да замине. Тој претходно добро работеше со Лопетеги, но навистина немаше контакт”, рече Мончи.
Иско се поврзуваше и со Арсенал и Јувентус. Тој сака да го напушти Реал и ќе видиме каде ќе заврши на крајот.