ФУДБАЛ

Разнишано е местото на Буфон во ПСЖ

На синоќешниот натпревар ПСЖ претрпе пораз од Реимс а виновникот за тој пораз е Буфон.

Италијанскиот голман синоќа не беше во форма па прими три гола и тоа сите беа по негова вина. Првиот гол го рими меѓу нозе, на вториот реагираше лошо додека за третиот гол направи лоша проценка и излезе на половината на теренот.

Навивачите на Францускиот шампион се поделени, некои го оправдуваар бидејки до сега не правел вакви грешки, а другите не го оправдуваат мислејќи дека три грешки на еден натпревар се премногу за еден таков голман.

Буфон неодамна изјави дека ПСЖ му понудиле продолжување на соработката, и дека би сакал да остане во Париз, без разлика на тоа што освоиле само еден трофеј. Сепак, по синоќешниот дебакл, на 41 годишниот Италијанец сериозно му е разнишано местото во „Паркот на принцевите“.