Поранешниот голман на Тотенхем смета дека може да се постигне договор за размена, со што ќе го испрати данскиот плејмејкер да биде заменет за велшкиот напаѓач.
Ако Реал Мадрид сè уште е заинтересиран за Кристијан Ериксен, тогаш размената со Герет Бејл „би била совршен договор“, вели Пол Робинсон.
Плејмејкерот на Данска во минатото беше силно поврзан со „Лос Бланкос“.
Шпекулациите во моментот велат дека 27-годишниот, кој има договор до крајот на сезоната, со клубот од Северен Лондон, би можел да се пресели во Интер во јануари.
Сепак, сè уште нема договор.
„Мислам дека треба да се обидат да го постигнат тоа“, изјави поранешниот голман на Спарс, Робинсон, за „Фудбал инсајдер“.
„Мислам дека ако Ериксен оди во Реал Мадрид, а Бејл во тотенхме, мислам дека би било совршен договор за навивачите на Тотенхем ако Бејл се врати во Лондон“.
„Тој би се прилагодил на стилот на Мурињо, ќе му даде на тимот повеќе дух од Ериксен кој е повеќе за создавање отколку да постигне гол“.