ФУДБАЛ

Разочараниот Лукаку летово ќе има две опции

Напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку би можел да го напушти клубот од „Стемфорд Бриџ“ во текот на летниот преоден рок.

Италијанските медиуми пишуваат дека белгискиот репрезентативец ќе даде се од себе за да се врати во Интер. Силниот фудбалер не е задоволен од моменталната ситуација во Лондон и за неколку месеци ќе размислува за својата иднина.

Лукаку минатото лето беше платен дури 115 милиони евра, заработувајќи дури 12 милиони по сезона, што е недостижно за Интер. Италијанците тешко ќе ги исполнат барањата на Челзи, дури и ако Лукаку прифати двојно повеќе од платата што ја добива на „Стемфорд Бриџ“.

Друга опција е Антонио Конте, односно трансфер во Тотенхем. Менаџерот на „петлите“ имаше одлична соработка со 28-годишниот напаѓач во Интер, а раководството на клубот од Лондон на лето би можело да испрати понуда за Лукаку.

Белгиецот оваа сезона одигра 17 натпревари во Премиер лигата и постигна пет гола, последниот на 29 декември 2021 година во ремито со Брајтон.

ПОВРЗАНО

Премиер Лига