ФУДБАЛ

РБ Лајпциг ќе го пречека Ливерпул надвор од Германија?

Еден од највозбудливите дуели од осминафиналето во Лигата на шампионите ќе го играат РБ Лајпциг и Ливерпул.

Првиот натпревар е закажан за 16 февруари во Лајпциг, но како што стојат работите, РБ ќе биде домаќин на „црвените“ надвор од Германија.

Германската влада ги забрани сите летови од Велика Британија до 17 февруари, така што не постои можност за слетување на „црвените“ во Германија.

Според најновите пишувања на германските медиуми, РБ Лајпциг би можел да биде домаќин на Ливерпул во Салцбург на стадионот на сестринскиот клуб од Австрија. Сепак, и тука има помал проблем, имајќи предвид дека РБ Салцбург ќе игра против Виљареал во осминафиналето од Лигата на Европа на 18 февруари.

Како опција се споменува и стадион во Виена. Во игра се и некои стадиони во Швајцарија. Тешко е да се поверува дека Владата во Германија ќе ги олабави мерките и ќе ги остави „црвените“ да слетаат на нивната територија пред 17 февруари.