Тренерот на Јувентус, Маурицио Сари, не изрази многу загриженост, иако неговиот тим го претрпе првиот пораз оваа сезона, откако во саботата во Рим беше совладан со 3:1 од Лацио.
Јуве беше единствениот тим без пораз во сите натпреварувања во петте големи европски лиги се до синоќа кога Лацио го совлада на „Стадио Олимпико“.
Сари не се согласува со исклучувањето на Хуан Квадрадо од играта, тврдејќи дека жолт картон беше максимум.
„Имавме добро прво полувреме, каде игравме многу добро. Но, за жал, примивме гол во последните секунди од првото полувреме“, рече Сари.
„Не се согласувам дека имаше вистинска можност за постигнување гол бидејќи топката одеше настрана. Мислам дека жолт картон Квадрадо би бил доволен,“, додаде тој.