ФУДБАЛ

Реакцијата што се чекаше: Како Суарез го следеше поразот на Барселона од Атлетико (ФОТО)

Луис Саурез, спротивно на неговата волја, го промени клубот ова лето и се пресели од Барселона во Атлетико.

Сегашниот и поранешниот клуб на Суарез се состанаа во Ванда Метрополитен за време на викендот. „Јорганџиите“ конечно славеа со 1:0.

Одличниот Уругваец не настапи на овој натпревар бидејќи е позитивен на коронавирус и засега не е познато кога повторно ќе биде на теренот.

После мечот, Саурез не се воздржа и објави на социјалната мрежа Инстаграм тимска фотографија на Атлетико од соблекувалната.

Одличен тим, +3“, напиша искусниот напаѓач, кој не ја ни спомна Барселона.

Да играше „Ел Писторело“, тој сигурно ќе беше желен за одмазда, особено кон Роналдо Куман. Нова можност за одмазда ќе треба да почека неколку месеци и посета на „Камп Ноу“.