Џуд Белингем е голема желба на Реал Мадрид и актуелниот европски шампион ќе направи се за да го доведе младиот играч за врска во своите редови.
Според Transfermarkt, 19-годишниот Англичанец кој настапува за Борусија Дортмунд вреди 120 милиони евра.
Марка вели дека челниците на Реал отпатувале во Германија за да го убедат Белингем на трансфер. И Ливерпул го посакува одличниот играч за врска, но се смета дека Реал моментално е најреална опција за него. Марка додава дека во Реал се убедени дека Белингем ќе биде нивни играч од следната сезона.
Англичанецот не ги разгледувал предлозите од други клубови, а Реал Мадрид постојано е во контакт со менаџерите на Белингем и Борусија Дортмунд. Се очекува Реал Мадрид да плати околу 150 милиони евра за 19-годишниот фудбалер. Белингем пристигна во Борусија летото 2020 година, а денес е еден од најдобрите играчи од средниот ред во светот.
Трансферот на Белингем треба да го надмине оној на Енцо Фернандез во јануари. Челзи за Аргентинецот и плати на Бенфика 121 милион евра, а Реал е подготвен да ја надмине таа цифра во оваа операција.
